Поврзете се со нас

СЕХА лига

Мандиќ: Ќе се „истепаме“ со Вардар, сакаме победа во Скопје

Објавено

на

Составот на ППД Загреб е гостин на Вардар во првиот четвртфинален меч во СЕХА лигата.

Средбата е закажана за в четврток од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, а избраниците на Ивица Обрван се подготвени дури и да се „истепаат“ за да остварат квалитетен резултат во Скопје.

-Не очекува борба за Ф4 против тим за кој можам да кажам дека сме еднакви во сите сегменти, па се надевам на добар и борбен меч. Вардар доста го промени составот и тие се многу добар тим за кој треба добро да се подготвиме. Дефинитивно сакаме да одиграме добра одбрана која не красеше на подготвителниот турнир во Добој.

-Одработивме тешки и долги подготвки, сепак ќе мораме уште малку да се воиграме. Ние сме нов тим со постари и поискусни играчи кои извлекуваат најмногу од нас помладите во секој сегмент од играта. Има одлична атмосфера во тимот и едвај чекаме да започне сезоната и секако ќе се „истепаме“ и се надеваме дека ќе победиме уште во Скопје, -вели капитенот Давид Мандиќ.

„Црвено-црните“ веќе ја информираа јваноста дека натпреварот ќе се игра со публика и според протоколи, односно максимално ќе можат да бидат присутни 1.800 гледачи.

Вардар и Загреб ќе играат пред публика, „Јане Сандански“ ќе прими 1.800 гледачи

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни