Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити и официјално ја активираше трансфер бомбата: Џек Грилиш нов „граѓанин“

Објавено

на

Од таборот на Манчестер Сити предмалку и официјално го потврдија ангажманот на англискиот репрезентативец, Џек Грилиш.

Фудбалерот од офанзивата за сума од високи 100 милиони фунти се пресели на „Итихад“ и стана најскапиот фудбалер во историјата на Премиер лигата.

– Во последните десет сезони освојуваа најмногу трофеи. Доаѓањето на Пеп тука го однесе клубот ниво погоре и овој тим сега го игра највозбудливиот фудбал во Европа.

– Да се игра за Пеп и да се учи од него ќе биде специјално и е нешто што секој топ фудбалер би го посакал. Условите се неверојатни, искрено со нетрпение очекувам да започнам, да ги запознам сите и да почнам да играм,- изјави Грилиш.

Манчестер Сити се очекува во следниот период да активира уште една трансфер бомба, а сега по ослободувањето на Лионел Меси се поставува прашање дали тоа ќе биде Аргентинецот или „граѓаните“ ќе го ангажираат Хари Кејн од Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни