Англија
Манчестер Јунајтед става двајца првотимци на трансфер листа

Манчестер Јунајтед ќе мора да заработи пари со продажба на дел од своите играчи доколку сака да троши милиони и во следниот преоден рок.
Правилата на финансискиот фер плеј велат дека „ѓаволите“ ќе мора да ослободат значителен капитал со тоа што ќе продадат одредени играчи, а според медиумите на Островот, Тен Хаг веќе одлучил на кои фудбалери нема да смета за следната сезона.
„Ѓаволите“ може да извлечат пари од продажбата на Хари Мегваер и Скот Мектомини кои како што пренесуваат островските медиуми, ќе бидат ставени на трансфер листа, но за летниот преоден рок.
Интерес од клубови од Премиер лигата за двајцата фудбалери имало уште и оваа зима, но Тен Хаг стопирал можен трансфер затоа што Јунајтед се уште се бори на четири фронтови, па ќе им бидат потребни расположливи сили до крајот на сезоната.
Сериозен интерес за Хари Мегваер пројавил тимот на Вест Хем, додека за Мектомини притискал Њукасл, но и двата тима биле одбиени за трансфер на играчите во јануари.
-
Светпред 20 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 21 час
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 7 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 15 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 18 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
Италијапред 18 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 17 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир