Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед и ПСЖ подготвени да дадат милиони за играч кој пред само шест месеци чинеше 500.000 евра

Објавено

на

Медиумите во Франција пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ ќе влезат во трансфер битка за играч кој пред само шест месеци чинеше 500.000 фунти.

Еминентниот „Ле10 Спорт“ пишува дека европските гиганти се подготвени да издвојат милионска сума за да го ангажираат играчот на Брест, Роман Фавре.

Станува збор за 22 годишен фудбалер од средниот ред кој пред само шест месеци направи трансфер од Монако во Брест и веднаш покажа дека поседува одлични фудбалски квалитети.

Многумина сметаат дека доколку продолжи со ваквите игри и во вториот дел од сезоната, Фавре би можел да добие дури и повик во репрезентацијата на Франција за претстојниот европски шампионат.

Иако потпиша договор минатото лето, од Брест пред еден месец му го продолжија договорот на играчот надевајќи се дека со тоа ќе извлечат повеќе пари од заинтересираните тимови за неговиот потпис.

Негов трансфер во јануари е речиси невозможен, но голема е веројатноста дека тој по само една година ќе си замине од Брест и следното лето ќе направи голем трансфер.

На 19 натпревари во дресот на Брест оваа сезона, Фавре има постигнато четири погодоци и запишано три асистенции. Во Манчестер Јунајтед го гледаат како идеална замена за Пол Погба кој веројатно ќе си оди од тимот во летниот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни