Поврзете се со нас

Свет

Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Ливерпул со помош на ФИФА формираат ново екстра натпреварување

Објавено

на

Угледниот англиски медиум „Скај Спортс“ пренесува декаРеал Мадрид поддржан од Манчестер Јунајтед и Ливерпул ќе се обидат да формираат ново европско натпреварување кое во сенка ќе ја фрли Лигата на шампионите.

Клубовите со помош на ФИФА планираат да креираат и веќе се во преговори за формирање на ново натпреварување во кое би учествувале најсилните екипи од топ лигите во Европа.

Натпреварувањето би требало да брои 18 екипи од кои пет ќе бидат од Англија, а другите тимови ќе доаѓаат од Шпанија, Германија, Италија и Франција.

Проектот ќе биде наречен Европска Премиер лига и ќе биде поддржан од светската куќа на фудбалот која ќе влезе и со финансиска помош од околу пет милијарди фунти.

Натпреварувањето би требало најрано да започне во 2022 година, а од ФИФА ќе се погрижат за форматот и за тоа како треба да изгледаат натпреварите во истото. Натпреварите од новоформираната лига ќе се играат паралелно со останатите натпревари од европските лиги.

Наградниот фонд за победниците и тие кои ќе дојдат до самиот врв ќе биде неколку стотини милиони фунти годишно, и токму тоа ќе биде водечкиот фактор што ќе ги натера големите клубови да размислат за учество во ваквата лига.

„Скај“ пишува дека доколку оваа идеја биде спроведена сериозно ќе се загрози Лигата на шампионите, најелитното европско натпреварување во моментов.  Инсајдерски информации за англискиот медиум потврдуваат дека УЕФА воопшто не е вклучена во целата оваа приказна.

Повеќе детали за овие ексклузивни информации на „Скај Спортс“ се очекуваат кон крајот на следниот месец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни