Поврзете се со нас

Балкан

Мамиќ ги прозва хрватските клубови по успехот на Динамо: Доволно е да кажат „благодарам“

Објавено

на

Динамо Загреб оствари уште еден голем успех и оваа сезона ќе игра во групната фаза на Лигата на шампините.

Тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми успеа да ги мине Шкупи, Лудогорец и Бодо Глимт за да се најде во друштво со Милан, Челси и Салцбург. Клубот од „Максимир“ добро ќе ја наполни клупската каса, но во исто време ќе им донесе и заработка на останатите хрватска клубови што беше доволно за некогашниот прв човек на „модрите“, Здравко Мамиќ да ги поздрави истите.

-Динамо веќе две децении на грб го носи хрватски фудбал во Европа. Оваа година како најголем спонзор на хрватскиот фудбал, кој ништо не бара за возврат, им донесе приход на другите екипи три пати поголем отколку што самите клубови може да заработат, повеќе од 33 милиони куни. „Благодарам Динамо“ toa би било доволно, -порача Мамиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни