Поврзете се со нас

Одбојка

Македонските одбојкари понудија борба, но загубија од Данска во Струмица

Објавено

на

Македонските одбојкари не успеаја да стигна и до третата победа на турнирот во Струмица, бидејќи вечерва беа поразени од селекцијата која исто така имаше максимален ефект по две одиграни кола.

„Спартанците“ го завршија со пораз првиот турнир во Европската Сребрена лига откако оваа вечер имаа неуспех во пресметката со Данска, која во овој момент се покажа како порасположен ривал и тим кој е во подобра форма пред она што следи во натпреварувањето.

По првите победи над Кипар и Израел, избраниците на Матијашевиќ мораа да им подадат рака на подобрите ривали вечерва, кои слевеа со 0:3, или по сетови, 21:25, 23:25 и 24:26.

Вторите два сета беа навистина тесни и одлучуваа нијанси кои вечерва беа на страната на Данците, што секако е мотив плус за македонските одбојкари дека можат доста подобро од ова.

Наредната седмица следи вториот турнир во Сребрената лига, а домаќин на истиот е токму Данска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни