Поврзете се со нас

Одбојка

Македонските одбојкари отпатуваа за Бари:„Спартанците“ не планираат да покажат бело знаме (Видео)

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација го заврши својот дел од задачата во Скопје и се пласираше во историско прво осминафинале на едно Европско првенство, на кое оваа година нашата земја беше еден од кодомаќините.

Момците на Јошко Миленкоски запишаа две победи во воведните две рунди над Данска и Црна Гора и уште тогаш го заверија пласманот меѓу 16-те најдобри, но трите порази во серија за жал не ни донесоа повисок пласман.

Македонија како четврта се пласираше во нокаут фазата, а тоа ни донесе пеколно тежок противник во осминафиналето, актуелниот светски првак Италија.

Проблем плус ќе биде тоа што натперварот ќе се игра во Бари и Италијанците ќе имаат огромна поддршка од своите навивачи, па затоа светските прваци влегуваат како апсолутни фаворити.

Македонија дефинитивно ќе нема што да загуби и денеска мирно отпатува за Бари, каде во сабота во 18:00 часот ќе игра против една од најсилните селекции во одбојката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни