Одбојка
Македонските одбојкари биле гледани од над милион Италијанци во осминафиналето

Македонската одбојкарска репрезентација играше со гордост и чест во своето прво осминафинале на Европските првенства, но судбината посака „спартанците“ да имаат најтежок можен испит.
Светскиот шампион Италија е непосакуван ривал во секоја ситуација, но уште повеќе кога играат на домашен терен, па така македонските одбојкари едноставно немаа што да бараат на гостуваето во Бари.
Италија победи со сигурни 3:0 и единствено понеизвесно беше во првиот сет, во кој нашите репрезентативци покажаа дека неслучајно се најдоа меѓу 16-те најдобри селекции во Европа.
Македонија за првпат беше дел од еден вака елитен нокаут меч, кој донесе и атрактивни бројки кога е во прашање телевизискиот интерес во Италија.
Медиумите од Апенините откриваат дека одбојката е се популарна на „чизмата“, па така мечот меѓу Италија и Македонија го следеле 956 илјади приемници преку „Раи 2“, а уште 135 илјади преку „Скај Спорт“.
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 12 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 15 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 23 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Англијапред 18 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 17 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 14 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)