Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонските девојки издоминираа во Баку и ќе бидат дел од второ ЕП во низа

Објавено

на

Македонските девојки вторпат во низа ќе бидат дел од едно Европско првенство, откако претходно пред две години беа дел од турнирот на кој беа домаќини во Скопје.

Најдобрата женска ракометна репрезентација денеска оствари одличен резултат во Баку и го надигра Азербејџан до 22:37, а оваа победа значеше дека Македонија го завери местото на континенталниот турнир.

Ова беше трета победа во квалификациите и двата порази од фаворизираната Шпанија се најмалку болни во овој момент, биејќи Македонија обезбеди место на главниот турнир на едно коло пред крајот.

Главната разлика беше направена на крајот на првиот дел кога нашите девојки отидоа на плус седум, по што самодовербата се зголеми и Македонија продолжи да го толчи противникот во вториот дел.

Македонија отиде на двоцифрена предност и на крајот славеше со преубедливи 15 гола разлика, триумф во кој Саздовска постигна седум, а Ристовска шест погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни