Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонската репрезентација ги дозна противниците за квалификациите за СП во Шпанија

Објавено

на

КОВИД пандемијата ги наруши сите планови за нормален тек на настаните во спортската сфера, па со мало одложување, денеска се одржа ждрепката за претквалификациите за Светското ракометно првенство во женска конкуренција кое ќе се игра во Шпанија.

Дел од извлекувањето беше и најсилната македонска репрезентација, која денеска и официјално дозна кои се нејзините противници во претквалификациската фаза.

Судбината посака нашите девојки да имаат дуел со јужниот сосед Грција, како и со селекциите на Исланд и Литванија кои исто така се дел од групата 2.

Нашите девојки ќе имаат навистина долг пат до Светското првенство на кое за првпат ќе има 32 селекции, бидејќи квалификациите овојпат се сочинети од два филтри, претквалификации и бараж.

Македонската селекција има за цел да биде најмалку втора во својата група за да се најде во баражот, а според најавите, првиот турнир ќе се одигра или во периодот 27-29 ноември или 4-6 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни