Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија загуби со 3:0, но не се посрамоти против моќната Холандија (Видео)

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија со пораз од 3:0 против Холандија го завршува настапот на историското, прво Европско првенство.

Избраниците на Игор Ангеловски беа рамноправен противник на Холандија во поголем дел од првото полувреме, на моменти дури и подобар тим на теренот, но за жал на крајот шансите не успеа да ги претвори во погодоци, па резултатот говори дека сме загубиле убедливо на овој натпревар.

Депај го отвори резултатот во 24. минута во една крајно спорна ситуација по која судиите и по прегледувањето на ВАР не досудија фаул врз Пандев и го признаа голот на новиот фудбалер на Барселона.

Холандија во второто полувреме даде уште два гола кои беа постигнати од страна на капитенот, Џини Вајналдум кој беше најдобар поединец на оваа средба.

Македонија успеа да постигне и два погодоци преку Тричковски и Чурлинов, но истите беа оправдано поништени поради офсајд ситуации. Во првиот дел Трајковски ја затресе и стативата од голот на Стекеленбург, но не успеа да го матира искусниот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни