Поврзете се со нас

Боречки спортови

Македонија во битка за медал на ОИ: Георгиевски стигна до втора победа со ново брилијантно издание

Објавено

на

Дејан Георгиевски ги доживува најубавите моменти на една Олимпијада, бидејќи во период пократок од три часа, успеа да обезбеди и втора победа во Токио со која си обезбеди борба за медал на Олимписките игри.

Македонскиот таеквондист продолжи фуриозно како што и започна ова утро, па откако го победи Рафаел Алба Кастилјо од Куба кој е актуелен светски првак, сега славеше и над противникот од Брегот на Слоновата Коска.

Георгиевски го совлада Сејду Губане со 9:4 во четвртфиналната борба, па со пласманот меѓу четирите најдобри на олимпискиот турнир во таеквондо, си обезбеди борба за медал.

Резултатот до втората рунда беше 4:3 за нашиот претставник, Губане израмни на 4:4, но потоа следеа пет последователни поени на Дејан за потврда на квалитетот и извојување на нова голема победа од 9:4.

Противник во полуфиналето ќе му биде Кореецот таеквондо борец Кјо До Ин, кој инаку е втор носител на олимпискиот турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни