Поврзете се со нас

Боречки спортови

Македонија со свои претставници на Европското Таеквондо ИТФ првенство

Објавено

на

Македонија ќе има свои претставници на претстојното Европско Таеквондо ИТФ првенство кое од 25 март до 2 април ќе се одржи во Пореч, Хрватска.

Боите на Македонија ќе ги бранат пет натпреварувачи кои под водство на првиот човек на ИТФ федерацијата на Македонија, Марјанчо Лазаревски ќе се обидат во најдобро светло да ја претстават нашата земја.

Предводникот на репрезентацијата, Лазаревски нагласи дека веќе два месеци се подготвувале за првенството и дека се подготвени да го дадат максимумот иако поради целата ситуација со Ковид-19 бил изгубен континуитетот на натпревари.

– Во последните два месеци имавме секојдневни подготовки, го дадовме нашиот максимум и се надеваме на солидни резултати, иако поради ситуацијата со Ковид-19 го загубивме натпреварувачкиот континуитет. Сепак, според историјата на нашите натпреварувачи, може да веруваме во нив.

– Давид Крстески во 2019 година, на свои 11 години се закити со медал од Европското првенство одржано во Римини, а Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски на Светското првенство во Пловдив, Бугарија во 2019 година стигнаа до четвртфиналните борби. Тоа е добар показател да се надеваме на добар пласман и на ова Европско првенство, сите натпреварувачи имаат освоено многу медали, се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, -истакна Лазаревски.

Од клубот потенцираат дека се обезбедени и потребните професионални анти-допинг сертификати кои се неопходни за учество на едно вака големо натпреварување.

Наши претставници на Европското првенство во Пореч, Хрватска ќе бидат:

Хриситјана Парулеска, црвен појас

Давид Крстески, црн појас I дан

Елена Јанеска, црн појас I дан

авид Велковски, црн појас I дан

Божидар Димитриевиќ, црн појас I дан

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни