Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија се чекираше во Анталија, Милевски ја имаше и првата прозивка (Фото)

Објавено

на

Македонската ескпедиција пристигна во Анталија и за денеска беше закажан првиот собир, по што македонските фудбалери го одработија и првиот тренинг под водство на Благоја Милевски.

Селекторот на најсилниот македонски тим прозиваше за првпат и ги започна подготовките за двата мартовски пријателски меча кои ќе ги одиграме на турско тло, оние против Молдавија и Црна Гора.

Првиот натпревар го играме против Молдавците за четири дена (22-ри март), додека оној против Црна Гора се игра наредниот понеделник, 25-ти марти.

Како што најави селекторот Милевски, на овој репрезентативен собир ќе биде ставен посебен акцент на заканување на добрата атмосфера и заедништвото, па за очекување е шанса да добијат сите повикани фудбалери.

После мартовскиот циклус, Македонија ќе одигра уште две пријателски во јуни против Хрватска и Чешка, а во септември ќе стартуваат квалификациите во Лигата на нации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни