Поврзете се со нас

Одбојка

Македонија и пружи отпор на Србија, но на крајот загуби во пријателскиот натпревар

Објавено

на

Одбојкарската репрезентација на Македонија со 3:1 по сетови го загуби пријателскиот натпревар против Србија одигран во Велико Градиште, покрај Сребреното езеро.

Македонија одигра далеку понеизвесен натпревар од вчерашниот кој го одигравме исто така со Србија, но тогаш нашиот северен сосед играше со посилниот состав за разлика од денес кога шанса добија играчите кои допрва ќе се наметнуваат за влез во најсилната репрезентација.

Извесно беше само во првиот сет кој Србија го доби со 25:17, додека следните четири беа крајно неизвесни. Вториот го доби Србија со 28:26, третиот и припадна на Македонија со 25:23, додека последниот беше со истиот резултат, но во корист на Србија.

Ова беа единствените тест средби за Македонија пред почетокот на Сребрената лига во кој нашата земја ќе ја има улогата на домаќин на турнирот кој ќе се одржи во Струмица од 21 до 23 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни