Поврзете се со нас

Македонија

Македонија ЃП славеше против Работнички и стигна до второто место на табелата, нерешено на дербито во Тетово

Објавено

на

Во текот на денешниот ден беа одиграни преостанатите пет средби од 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Вниманието го привлекоа двете дерби пресметки меѓу Шкендија и Шкупи, како и Работнички и Македонија Ѓорче Петров.

На натпреварот под Шара не видовме победник откако резултатот заврши 1:1, а на истиот бевме сведоци на еден редок момент. Имено, погодокот за Шкендија го постигна младиот 16. годишен Дашмир Елези со што стана најмладиот фудбалер кој постигнал официјален гол за тетовскиот тим.

Радоста во тимот од Тетово ја скрати Илирид Адеми кој на стартот на вториот период го израмни резултатот што на крај се постави и како конечен од оваа средба.

Македонија Ѓорче Петров славеше голема победа од 3:1 на дербито на Националната арена „Тодор Проески“ против Работнички. Со оваа победа „лавовите“ се искачија на втората позиција на првенствената табела со само бод помалку од лидерот Шкендија.

Академија Пандев конечно се израдува на победа откако во возбудлив натпревар славеше против Пелистер со 3:2, а втора победа по ред запиша и Беласица која го изненади тимот на Силекс од Кратово.

Струга Трим и Лум продолжува со одличните изданија под водство на Срѓан Захариевски запишувајќи нова победа, овој пат над Ренова со која се искачи на четвртата позиција на првенствената табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни