Поврзете се со нас

Свет

Македонецот е поим за „гол“ на Кипар: Тричковски го стресе Анортозис во дерби пресметката (Видео)

Објавено

на

Иван Тричковски од година во година ја докажува своајта класа на Кипар, а дека е еден од најдобрите играчи кои играат во оваа земја потврди и денеска на големото дерби кое се одигра во Ларнака.

Македонскиот репрезентативец му пресуди на Анортозис во изедначената дерби пресметка од плејоф фазата во кипарското фудбалско првенство, или поточно, на 15 минути пред крајот го реши прашањето околу побендикот.

Анортозис рано поведе со голот на Окриашвили во втората минута, но во вториот дел, домашниот тим направи пресврт.

Танди со голот во 60-та минута го најави пресвртот, а истиот го потврди македонскиот репрезентативец со класична завршница на искусен центарфор.

За Иван Тричковски ова беше тринаесетти гол на Кипар оваа натпреварувачка сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни