Поврзете се со нас

НБА

Мајами го доби дербито со Лејкерс, Бил и Вестбрук му донесоа нова победа на Вашингтон (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Мајами Хит го доби дербито со Лос Анџелес Лејкерс (96-94) во дуелот на последните финалисти во НБА лигата.

„Езерџиите“ одново беа без Дејвис и Шрудер, а тоа гостите од Флорида го искористија за славје во „Стејплс Центарот“. Во прв план беа Нан со 27 поени и Батлер со 24 поени, 8 скокови, 5 асистенции, а не треба да се заборави ниту дабл-дабл ефектот на центарот Адебајо (16 поени и 10 скокови).

За Лејкерси за кои ова беше втор пораз вониза Кузма беше автор на 23 поени.

Вашингтон врза четири победа во серија, а последниот дојде против Портланд со 118-111. Блескаа двете најголеми ѕвезди Бил и Вестбрук, првиот имаше 37 поени со 7 скокови, вториот трипл-дабл од 27 кошеви, 11 скокови и 13 асистенции.

Комплетната стартна петорка на Портланд беше двоцифрена, ама тоа не донесе позитивен резултат.

Резултати:
Шарлот – Голден стејт 102:100
ЛА Клиперс – Мајами 94:96
Чикаго – Сакраменто 122:114
Мемфис – Феникс – 97:128
Портланд – Вашингтон 111:118
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни