Поврзете се со нас

Свет

Магдевски двоцифрен против Констанца

Објавено

на

Македонскиот интернационалец Андреј Магдевски и неговиот тим ЧСМ Плоешти претрпеа пораз од Констанца од 86-71 во средбата од 22. коло во првата лига на Романија.

Домаќините убедливо ги добија првите 10 минути (28-13) и потоа ја контролираа играта, резултатот иако имаше минути во кои гостите се обидуваа да се заканат и да направат нешто повеќе во оваа битка.

Нашиот репрезентативец Магдевски беше еден од четворицата играчи кај Плоешти со десет поени, а зад своето име додаде уште 7 скока, 5 асистенции, 1 освоена и 1 загубена топка.

Плоешти со учинок од 8 победа и 11 порази се наоѓа на 11 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни