Поврзете се со нас

Англија

Лукаку одбил супер богата понуда од Саудиска Арабија, има јасна желба каде сака да ја продолжи кариерата

Објавено

на

Доста познати фудбалски имиња завршија во Саудиска Арабија во изминатиов период, се најавуваат и други трансфери од кои дел нема да биде белгискиот репрезентативец, Ромелу Лукаку.

Медиумите на островот и во Италија пренесуваат дека Лукаку одбил супер богата понуда од Блискиот Исток, понуда од Ал Хилал според која би заработувал по 58 милиони евра по сезона.

Напаѓачот има друг план, па иако официјално е под договор со премиерлигашот Челси тој се надева дека ќе се врати во Интер, клуб во кој ја мина претходнава сезона.

„Сините“ сакаат да се ослободат од Ромелу, желба е да го продадат, но Интер тешко во овој момент тоа може да си го дозволи, поточно европскиот вицешампион сака формула, позајмица и откупување на договорот за 30 милиони евра на крајот на натпреварувачката 2023/2024.

Останува да се види дали ќе може да се дојде до договор, а во случај „нероаѕурите“ успешно да ја затворат зделката тогаш Симоне Инѕаги би имал на располагање тројца супер квалитетни напаѓали во имињата на Мартинез, Тирам и секако Лукаку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни