Шпанија
Луис Енрике откри како ги мотивирал играчите на Барселона пред финалето со Јувентус: Најлошо што може да ви се случи…
Поранешниот тренер на Барселона, сегашен селектор на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике откри како ги мотивирал своите фудбалери во пресрет на финалниот натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус.
Барселона тогаш стигна до трофејот во најелитното европско натпреварување откако со 3:1 славеше пртови италијанскиот претставник.
Тоа беше петта титула во Лигата на шампионите за „каталонците“, а на стадионот во Берлин стрелци на головите за Барселона беа Ракитиќ, Суарез и Нејмар.
Сега, пет години по тој успех, тогашниот тренер на Барселона, Луис Енрике се сети на моментите непосредно пред почетокот на средбата.
– Се сеќавам дека онака во шега ги прашав играчите што е најлошо што вечерва може да им се случи. Веднаш се јавија Чави и Дани Алвеш кои рекоа дека најлошо нешто е да не играме во наш препознатлив стил.
– Тогаш ги прекинав и им реков: „Најлошо нешто што може да се случи е да сте играч на Јувентус и да играте против Барселона“. Прво беа во шок, а потоа сите се насмевнаа. Верувам дека тоа дополнително ги мотивираше, -изјави Луис Енрике.
-
Шпанија11 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
Италија24 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Македонија17 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Шпанија15 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..
-
Македонија22 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Англија21 час
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони18 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…