Поврзете се со нас

Франција

Лоши вести за напаѓачот: Нејмар заврши со фудбалот за оваа календарска година

Објавено

на

Пари Сен Жермен дојде до посакуваните три бода на вчерашната пресметка против Сент Етјен во Лига 1, но на оваа средба го загуби Нејмар.

Бразилецот во самиот финиш на средбата мораше да биде заменет откако го повреди зглобот, повреда која не е наивна и поради која напаѓачот ќе мора да паузира. Дополнителните медицински прегледи доправа ќе се направат по што ќе знае колку време ќе биде во „аут“, но дел од медиумите веќе излегоа со вест, информација дека тоа ќе бидат најмалку шест недели.

Оваа информација ја сподели „РМК“ што значи дека оваа календарска година е завршата за големата ѕвезда. Ако се потврди ова тоа ќе значи дека Неј ќе ги скокне дуелите со Ница, Ленс, Бриж, Монако, Лориен, Лион и Брест, поточно ќе можеме да очекуваме негов камбек во втората половина на јануари 2022.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни