Поврзете се со нас

Англија

Лоши вести од Англија: Би можел да згасне клуб кој го освои во ФА Купот од 2012 година

Објавено

на

Фудбалскиот клуб Виган е првиот клуб во Англија на кој кризата предизвикана од коронавирусот ќе има катастрофални последици.

Имено, клубот прогласи стечај и тоа само четири недели откако истиот беше преземен од богат конзорциум од Хонг Конг.

Правилата во Англија се јасни, доколку еден клуб прогласи стечај автоматски му се одземаат 12 бодови, а ваков ќе биде случајот и со Виган.

Тоа ќе го падне клубот на дното на табелата во Чампионшип и ќе значи речиси сигурен пласман на Виган ранг подолу за следната сезона.

Медиумите во Англија пренесуваат дека постојат стравувања дека доколку не се најде излез од кризата, Виган би можел и целосно да згасне.

Клубот во кој продефилираа и некои познати играчи во 2012 година беше освојувач на ФА Купот, а следната сезона учесник во Лига Европа како претставник на Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни