Поврзете се со нас

Македонија

Љупчо Марковски седнува на клупата на Работнички

Објавено

на

Фото: www.fkrabotnicki.com

Поранешниот македонски репрезентативец Љупчо Марковски ќе биде нов тренер на ФК Работнички.

Скопскиот прволигаш денеска го промовираше популарниот Калц за нов предводник на сениорската екипа, најавувајќи ги своите амбиции за следната сезона.

– Работнички му ја доверува шансата на Љупчо Марковски да биде нов шеф на стручниот штаб. Сметаме дека со неговиот фудбалски авторитет во Македонија и искуството за работа со млади и талентирани фудбалери, ќе успееме заеднички да го подигнеме нивото на младиот тим на Работнички.

– Клубот и понатаму останува посветен на продуцирање на македонски играчи кои ќе добиваат шанса за докажување“, изјави Драган Поповски, претседател на ФК Работнички.

Марковски досега го водеше Скопје, а допрва ќе бидат објавени плановите за летните подготовки на новиот стручен штаб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни