Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски посочи што се крие зад подобрите изданија на Барселона: Во последните недели…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона се избори за убедлива победа во соочувањето со Атлетико Мадрид и тоа на теренот на кој популарните „душекџии“ немаа забележано ниту еден пораз во актуелнава сезона во Примера.

Каталонците славеа со 3-0 во средба во која во главна улога беше Роберт Левандовски кој забележа две асистенции и воедно постигна убав гол на стартот на второто полувреме.

Ова издание беше уште една потврда дека Барса ја крева формата, игра далеку подобро и покрај многуте изостаноци, проблеми со повредени играчи.

-Дали ова е најдобриот натпревар во сезоната? Би можело, но не сум сигурен. Ама најважно е што игравме многу добро од првата минута, меч кој го имавме под контрола и со три гола на овој терен. Добар меч. Многу сум среќен и пресреќен не само за голот, туку и за двете асистенции. Ако играме полесно, играме подобро, -рече Левандовски кој посочи на што се должи подобрувањето на играта на Барса.

-Мислам дека во последните две, три, четири недели малку го променивме тренингот, со поголем интензитет. Физички сега и јас се чувствувам многу добро. Моите соиграчи, истото верувам. Сакаме да направиме чекор напред. Имаме неколку недели со репрезентативна пауза, сакаме да земеме уште една после тоа. Овој момент е многу важен. Сакаме не само да победуваме, туку и да играме подобро, -порача ветеранот.

Актуелниот шампион е без примен гол на последните четири средби во Ла Лига каде со 64 бода е на 2. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни