Поврзете се со нас

Германија

Левандовски по најавите дека му е потребен нов предизвик: Ја имам Лигата на шампионите

Објавено

на

Одредени светски медиуми пренесоа дека Роберт Левандовски би можел да стави крај на екстремно успешната авантура во Баерн Минхен и веќе по крајот на новата сезона да побара нова авантура.

Германските медиуми пишуваа дека Левандовски бил отворен за преселба во некој друг голем клуб од посилните европски лиги со цел да се докаже и во друга средина.

Сепак, Полјакот посочи дека не планира да си оди од Баерн Минхен и дека нема потреба да се докажува во друга лига, нагласувајќи дека е 100% посветен на Баерн Минхен.

– Не треба да се докажувам во друга лига. Можам да се натпреварувам со најдобрите од другите лиги во Лигата на шампионите.

– 100% сум фокусиран на Баерн Минхен и не размислувам за ништо друго освен за мојот тим,- одговори Левандовски на прашањето дали би си заминал од баварскиот гигант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни