Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски не очекувал успех со Барса во ЛШ: Не е важно дали играте добро или лошо!

Објавено

на

Роберт Левандовски во текот на оваа седмица ја доби „Златната копачка“ како најдобар голгетер во Европа и втора година по ред го доби ова престижни признание, кое воедно го прими во ситуација кога неговиот тим изби на чело на табелата во шпанската Ла Лига.

Барселона ги искористи последните киксови на Реал Мадрид и ќе биде на чело на табелата за време на паузата која следи поради фудбалскиот мундијал, но за разлика од резултатите во Примера, каталонскиот великан посебно разочара со неуспехот во Лигата на шампионите.

Барса испадна во групата во која беа Баерн Минхен и Интер и како третопласирана се пресели во Лига Европа, а Левандовски сега открива дека не очекувал успех со својот нов тим во првата сезона, особено не во Европа.

– Знаев дека во мојата прва сезона нема да освоиме се со Барселона. Да бидеме реални, овој тим се уште се реконструира и потребно е време. Тоа е дел од процесот. Вистина е дека требаше да ја минеме групата и да стигнеме до осминафиналето, но очекувањата се едно, а реалноста друго. Научивме многу од тоа што ни се случи, во тимот има многу млади играчи.

– Направивме неколку големи грешки, а на такво ниво, мора да бидете подготвени во секој момент. Во Лигата на шампионите не е важно што правиш, мора да научиш да победиш. Не е важно дали играш добро или не, на крајот најважна е победата и трите бода, – вели Левандовски во интервјуто за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни