Поврзете се со нас

Свет

Левандовски ја доби втората битка со Меси и посебно го истакна името на Герд Милер (Фото)

Објавено

на

Роберт Левандовски втора година по ред е избран за најдобар играч од страна на ФИФА, што во дадениот случај за Полјакот ова има значење на „утешна награда“, бидејќи на крајот на 2021-ва година ја загуби битката со Лионел Меси во трката за „Златната топка“.

Во изборот на ФИФА, Левандовски заврши во гласењето пред Аргентинецот и напаѓачот на Баерн ја доби втората битка во која всушност гласаат колегите и селекторите, што за многумина има и многу поголемо значење од она кога во прв план се новинарите.

Левандовски се закити со најзначајното индивидуално признание од ФИФА втора година по ред, а подиумот го комплетираа Лео Меси и Мохамед Салах.

На церемонијата која се одржуваше виртуелно, Томас Тухел од Челси беше избран за најдобар светски тренер, додека титулата најдобар голман ја понесе исто така член на Челси, чуварот на мрежата Едуард Менди.

– Навистина сум почестен и горд за оваа награда. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, за целата напорна работа која ја правиме заедно и за трофеите кои ги прокниживме. Оваа титула им ја посветувам на сите околу мене.

– Од минатата година, најмногу ќе го паметам уривањето на рекордот на Герд Милер, нешто за што не можев да сонувам. Ако пред неколку години ми кажеа дека ќе го направам тоа, немаше да поверувам. За жал, Герд веќе не е меѓу нас, но немаше да го направам тоа без тој да постои, – изјави Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни