Шпанија
Левандовски го посочи играчот на Барса од кој останал најмногу изненаден: Може да биде најдобар на својата позиција

Роберт Левандовски одработи опширно интервју пред „Ел Класико“ дербито кое се игра на „Камп Ноу“, а една од темите кои ги опфати беше и адаптацијата во каталонскиот гигант.
По многу успешни сезони во Баерн Минхен, Леви реши да направи интересен чекор и се одлучи за нов предизвик во кариерата, па откако ја мина почетната фаза во Барселона, полесно е да носи заклучоци за играчите кои ги има во тимот.
Левандовски го посочи Усман Дембеле како играч од кој останал најмногу изненаден во позитивна смисла, потенцирајќи дека тој може да биде најдобро крило во светот доколку биде поштеден од повредите.
– Дембеле е играчот кој ме изненади најмногу откако сум во Барселона, и тоа на позитивен начин. Има талент, квалитет и е многу брз. Може да биде најдобар на својата позиција.
– Според мене, тој веќе е меѓу најдобрите во светот. Понекогаш се повредува, но кога е на теренот, секогаш прави разлика. Може да прави со топката се што ќе посака, има чист талент за фудбал, – вели Левандовски во интервјуто за „Диариос де Бициклета“.
-
Балканпред 12 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 8 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 11 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 19 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 10 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Македонијапред 24 часа
Вардарци се огласија со драматично соопштение, одговори газдата на клубот: Мојата компанија доживеа финансиски крах…
-
Италијапред 23 часа
Миланско дерби за новиот италијански репрезентативец
-
Светпред 22 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)