Поврзете се со нас

Германија

Лев го соопшти списокот за дуелот со Македонија, нема место за тројката од Баерн и Дортмунд

Објавено

на

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев го објави списокот на играчи за кои ќе смета за дуелите против Исланд, Романија и Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Како и што беше најавено на листата се талентираните тинејџери Џамал Мусиала и Флоријан Вирц, но ги нема искусните Томас Милер, Жером Боатенг и Матс Хумелс од Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, играчи за кои во изминатиов период се пишуваше дека можеби ќе се вратат во националниот тим.

Добра вест за Лев е што ќе може да смета на играчите од Премиер лигата Хаверц, Вернер, Ридигер, Лено и Гундоган кои добија специјална дозвола од германските власти и нема да мора да заминат во карантин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни