Поврзете се со нас

Франција

Лео во елемент: Меси со „бомба“ и генијална асистенција го комплетираше пресвртот на ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси игра во извонредна форма на стартот на оваа сезона, што е комплетен контраст на она што го гледавме во неговата прва година во Франција.

Аргентинецот конечно се адаптираше на условите во Лига 1 и сега прави разлика речиси на секој натпревар на ПСЖ, а таков беше случајот и денеска на пресметката против Троја.

„Светците“ се најдоа во незавидна ситуација и губеа со 1:2 на стартот на второто полувреме, но тогаш на сцена стапи Лео Меси кој прво постигна извонреден гол со „бомба“ за 2:2, а потоа генијално асистираше до Нејмар и ја извади од игра цела одбрана на гостите.

Во период од седум минути, Меси се погрижи за пресврт на ПСЖ, а потоа Килијан Мбапе од пенал го зголеми водството на 4:2 и стана јасно деак бодовите остануваат во Париз.

До крајот, Троја постигна и трет гол во мрежата на Донарума, но погодокот на Палаверса беше само за ублажување на поразот на 4:3. Првиот гол за ПСЖ на мечот го постигна Карлос Солер, а покрај Палаверса, стрелец беше и Балде кој постигна два гола за Троја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни