Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс сака да го ангажира играчот кој пред неколку дена даде 81 поени (ВИДЕО)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс гради нов тим за новата сезона, тим со кој ќе проба да ја нападне титулата во НБА лигата.

„Езерџиите“ досега беа супер активни на трансфер пазарот и успеаа да донесат многу познати, искусни имиња, имиња на кој Лејкерс им е многу добро познати, но и супер ѕвезди како Расел Вестбрук и Кармело Ентони.

Меѓутоа ростерот не е комплетиран и според последните информации од САД клубот од Калифорнија го мерка Ајзеа Томас, плејмејкерот кој пред неколку дена успеа да уфрли дури 81 поен на „Кросовер Про-Ем“ настанот во Сиетл.

Со ова Томас кој во моментив е слободен агент потврди дека е во одлична форма и дека е спремен за кам-бек во НБА лигата.

Ајзеа веќе има настапувано за Лејкерс во натпреварувачката 2017/2018 каде на 17 мечеви имаше просек од 15,6 поени, 5 асистенции и 2,1 скок.

Најдобра негова кампања беше во Бостон во 2016-2017 кога имаше 28,9 поени и 5,9 асистенции и 2,7 скокови по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни