Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс остана без важен играч пред рестартот на лигата во Орландо

Објавено

на

НБА лигата ќе продолжи на крајот на овој месец и тоа со завршниот турнир во Орландо каде еден од главните фаворити за пехарот дефинитивно е Лос Анџелес Лејкерс.

Меѓутоа најдобрата екипа на Западот се соочува со одредени проблеми во составот, па така откако стана јасно дека нема да игра Ејвери Бредли сега стигна уште една лоша вест за поврзана со ветеранот Рожен Рондо.

Тој го скршил палецот на десната рака и ќе мора да паузира меѓу шест до осум недели што секако е удар за Лејкерс кој е тенок на таа плејмејкерска позиција. Рондо исто така е голем лидер, играч кој знае како се освојува НБА лигата, па ќе биде хендикеп за „езерџиите“ што нема да може да им помогне на теренот.

Во актуелнава кампања тој одигра 48 мечеви на кои имаше просек од 7,1 поени, 5 асистенции и 3 скока.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни