Поврзете се со нас

НБА

Легендарниот Вест за најдобриот играч на сите времиња: Тој никогаш не се менува…

Објавено

на

Легендарниот Џери Вест многу долго време е во светот на кошарката, има поминато долги години како играч, тренер, главен оперативец во НБА лигата и сосема заслужено важи за еден од најголемите асови на сите времиња.

Џери се има соочено со многу ситуации, има соработувано со многу играчи, има гледано многу играчи, па од се што има видено, поминато сигурно не е лесно да се избере еден кошаркар кој е најдобар, омилен, но тој нема проблем да избере и за него на пиедетастлот, број еден е Мајкл Џордан.

-Мојот омилен играч на сите времиња е Мајкл Џордан. Има многу неверојатни играчи што ги знам, сум соработувал со нив, но за мене тој претставува она што одлично кај еден кошаркар. Некој кој игра квалитетно на двете страни на теренот, неговите тимови победуваат и во последната четвртина ќе биде присутен.

-Уште поважно го сакам Мајкл како брат, имав можност да минам време со него, никогаш не се менува и тоа го сакам кај него, -јасно порача Џери кој да не заборавиме до ден денеска е го држи логото во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни