Шпанија
Легендарен Аргентинец: Беше јасно дека некој ќе му го направи ова на Винисиус

Винисиус Жуниор го постигна вториот гол за потврда на победата во дербито со Валенсија кое се одигра во четвртокот, но после тоа, беше жртва на еден крвнички старт кој заврши со црвен картон.
Габриел Паулиста се „исклучи“ и имаше комплетно помрачување на теренот, па со својот потег го патосираше сонародникот и предизвика мешаница меѓу фудбалерите.
Стоперот на Валенсија доби црвен картон и многу критики од јавноста во Шпанија, но сепак има и такви кои се на страната на дефанзивецот, а таков е легендарниот Аргентинец Алберто Кемпес.
Популарниот „Матадор“ во минатото ги тресеше противничките мрежи како напаѓач на Валенсија и аргентинската фудбалска репрезентација, но како соговорник за „ЕСПН“ сега даде коментар кој ја разбранува јавноста.
– Беше јасно дека некој ќе го направи ова. Ова го најавив и некој ќе се согласи со мене. Винисиус сака да си поигрува со противниците и ќе има некој кој нема да му прости. Видете што се случи во ситуација кога Паулиста го удри ниско, ако го удреше во колено ќе го искршеше, – порачува Кемпес.
Mario Kempes: “Lo dije y ahora me van a dar la razón, a Vinicius le gusta jugar con el contrario, y va haber alguno siempre que no le va perdonar”. pic.twitter.com/Ps9Eb4jgPY
— Fátima (@Fapana_) February 3, 2023
-
Македонијапред 11 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 21 час
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……