Поврзете се со нас

Англија

Легенда на Арсенал му се јавил на Мегваер за да му се извини за бруталното понижување

Објавено

на

Хари Мегваер е под константен притисок од првиот ден кога направи трансфер во Манчестер Јунајтед, а причина за тоа е неверојатната сума која клубот му ја исплати на Лестер за неговите услуги.

Стоперот вреден 80 милиони фунти се соочува со постојани критики и гигантски притисок од медиумите од седмица во седмица, па иако беше капитен на тимот изминатите години, сега е преселен на клупата за резерви од страна на Ерик Тен Хаг.

Во моменти кога критиките стивнуваат поради неговата неактивност на теренот, Пол Мерсон како легенда на Арсенал призна дека почувствуал грижа на совест поради бруталните критики, па дури побарал број од Роџерс за да му се јави на централниот дефанзивец.

Мерсон порача дека 80 милиони фунти се пари фрлени во вода за Мегваер, додавајќи дека неговите менаџери играат со тројца дефанзивци во средината бидејќи тој не знае да се брани.

– Не сакам да испаднам во право за тоа што го кажав, бидејќи и Англија знае да игра со тројца дефанзивци. Искрено, сега сакам Англија да го освои Светското првенство со гол на Мегваер. Тоа е она што навистина го сакам во моментов.

– Да бидам искрен, му се јавив на Брендан Роџерс и побарав да ми даде број од Мегваер. Не се чувствуав комотно со тоа што го кажав за него. Му се јавив и му порачав дека не се согласувам дека вреди 80 милиони фунти, но дека жалам за останатото. Претерав и му се извинив. Не можеше да поверува дека му се јавив, сега нависитна мислам дека добива нефер третман од јавноста, – открива Мерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни