Поврзете се со нас

НБА

Леброн нема повеќе да го носи дресот со број 23

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс многу порано од очекувањата ја заврши актуелнава сезона во НБА лигата, па сега веќе може да се фокусира на наредната во која секако одново ќе сака да се врати на самиот врв.

Првата ѕвезда на „езерџиите“, Леброн Џејмс веќе одлучи да направи една промена и во следната кампања нема да го носи повеќе дресот со бројот 23 туку на униформата ќе го има бројот 6. Џејмс првпат ја носеше „шеската“ во репрезентацијата на САД, а потоа четири години настапуваше и во Мајами Хит од причина што 23. не беше достапна, односно тој дрес беше повлечен од почит, чест на Мајкл Џордан.

Сега Џејмс се одлучи да се врати на бројот 6, ама тоа не значи дека неговиот колега Ентони Дејвис ќе ја преземе 23-ката како што имаше намера тоа да го направи во минатото, идеја која не ја дозволи Најк поради потенцијална финансиска загуба од продажба на дресовите.

Дејвис ќе ја задржи тројката со која во првата сезона ја освои шампионската титула со ЛА Лејкерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни