Поврзете се со нас

Свет

Лебеф за конфликтот во ПСЖ и проблемот на новата генерација: Не се грижат за ништо…

Објавено

на

Пари Сен Жермен победува на стартот на новата сезона, но и покрај тоа се појави проблем на последниот лигашки меч против Монпелје кој „светците“ го реализираа со 5-2.

Килијан Мбапе имаше неколку „лути“ моменти кои предвизикаа реакции кај јавноста, а по се изгледа и направи определ судир во соблекуваната со Нејмар. Имено во една ситуација тој престана да трча откако не ја доби топката од неговиот соиграч за да потоа притискаше повторно да шутира пенал откако претходно еднаш промаши.

Прво го закачи Меси по што тргна да се убедува и да ја бара топата до Нејмар, меѓутоа Бразилецот не му ја даде и го реализираше ударот од 11 метри. Иако на почетокот овие моменти не изгледаа опасни по се изгледа истите донесоа внатрешна криза, тензија во ПСЖ која пред се е предизвката од Мбапе кој по се изгледа сака да се стави на прво место и како главна ѕвезда на „светците“.

Останува да се види како ќе се реши овој проблем, а додека се чека на нова информација поранешиот францускиот репрезентатувец Франк Лебеф беше директен и го посочи главниот проблем на оваа денешна генерација на играчи.

-Припаѓаат на многу индивидуална генерација. Тие не се грижат, ја играат нивната игра, го прават тоа што треба да го прават…Тоа не беше така во нашете време, -порача Лебеф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни