Поврзете се со нас

Англија

Лебеф: Челси може да се „изгори“ со Обамејанг

Објавено

на

Премиерлигашот Челси сака да донесе напаѓач до крајот на овој летен преоден рок и како што стојат работите изборот паднал на Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона.

Чави Ернандес не сака да се откаже од Габонецот, но ако стигне добра понуда вредна околу 30 милиони евра каталонците се подготвени да го пуштат напаѓачот со што тие пари би ги искористиле во други цели. Има информации дека „сините“ наводно веќе си подале рака со играчот што значи дека сега клубовите ќе треба да се разберат за да се затвори оваа операција.

Франк Лебеф како поранешен играч на Челси ја следи оваа ситуација и според него овој трансфер може и да не е паметен потег на клубот од Лондон особено ако тренерот Томас Тухел игра понатаму со истата тактика.

-Имам прашалници, тој има повеќе од 30 години и последните две години не беа многу добри за него во однос на головите и конзистентноста. Имам многу почит кон неговиот татко, кој беше поранешен соиграч, ја следев кариерата на Пјер-Емерик во Дортмунд, а потоа и во Арсенал. Тој е фантастичен играч, но сакам да видам пред да судам.

-Зависи од одлуката на Тухел и како сака да игра. Ако е како против Тотенхем со ротацијата напред, не знаеме кој игра на средина или на страна, мислам дека нема да успее и нема да биде корисно да го имаме Обамејанг. Ако играш како што требаше да играш со Лукаку, значи со вистински напаѓач и да му служиш, може да биде интересно.

-Видовме минатата сезона дека тоа не се случи со Лукаку, па зошто Тухел одеднаш ќе го промени начинот на кој сака да игра, не знам. Не гледам како тоа се случува. Не знам дали Обамејанг ќе биде посилен од проклетството што ги погодува сите напаѓачи кои играа за Челзи во последно време. Се надевам дека ќе биде успешен, но сакам да видам пред да судам, -истакна Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни