Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Задоволен сум од желбата и ангажманот на играчите, мора во мај…

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација ја искористи ЕХФ неделата и одигра два пријателски натпревари против Романија во Браила, два натпревари на кои доживеавме порази од 32-27 и 28-24.

Ракометарите претрпеа пораз и на втората пресметка со Романија

Македонија загуби од Романија на првиот тест во Браила

Меѓутоа без разлика на негативните резултати селекторот Кирил Лазаров е задоволен од желбата, односот и ангажманот на играчите кои ги имаше на располагање, поточно се надева дека против Фарски Острови ќе бидеме комплетни и ќе можеме соодветно да одговориме во тој бараж за Светското првенство.

-Ја искористивме максимално ЕХФ неделата да одиграме два пријателски натпревари со Романија на гостински терен која исто така се подготвува за бараж натпреварот против Чешка во мај.

-Во недостаток на повеќе од половина стандарден тим, од оправдани причини, шанса дадовме на нови играчи кои се дебитанти или имаат лимитирана улога во националниот тим во нормална ситуација Вакви натпревари се од голема важност да се види на кого може да се рачуна во ваков тип на тешки натпревари поготово на гостински терен.
-Се надевам дека за баражот во мај ќе се комплетираме и ќе се подготвиме да одиграме квалитетен бараж натпревар бидејќи не очекува сериозен противник за пласман на Светското првенство. Задоволен сум од желбата ангажманот и односот на овие два натпревари од целиот тим, -порача Лазаров.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни