Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарите претрпеа пораз и на втората пресметка со Романија

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз и на вториот тест натпревар против Романија во рамките на ЕХФ неделата.

Вчера избраниците на Кире Лазаров беа надиграни со 32-27, додека пак денеска домаќините славеа со резултат 28-24. Романците беа подобри, ги користеа нашите слабости и дојдоа до резултат со кои ги израдуваа нивните фанови.

„Црвено-жолтите“ имаа проблеми со констатноста во играта и Романија си обезбеди убава предност од 15:10 по 30 минути игра. Македонските ракометари се трудеа по паузата, се обидуваа да притиснат, вратат во игра, ама противникот ги одбиваше нападите и на крајот успешно го заокружи овој натпревар.

Иако на овој собир ние не бевме комплетни, јасно е дека покажавме слабости кои мораме да ги елиминираме ако сакаме да го минеме баражот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни