Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија загуби од Романија на првиот тест во Браила

Објавено

на

Македонската сениорска ракометна репрезентација доживеа пораз од Романија од 32-27 на првиот пријателски меч одигран во Браила.

Ова беше средба која се одигра зад затворени врати и во истата нашата селекција била подобра во првиот дел со 16:15, но тој ритам не бил задржан од избраниците на Лазаров и по паузата или поточно домашните ракометари биле на повисоко ниво и на крајот се избориле за славје од пет разлика.

Втората пресметка меѓу овие две селекции е закажана за утре.

Инаку на овие натпревари селекторот Лазаров не може да смета на неколку играчи (Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриноски) што остава простор за останатите да се наметнат пред баражот со Фарски Острови за пласман на СП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни