Поврзете се со нас

Европски купови

Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет

Објавено

на

Екипата на Алкалоид ја доби битката со Ла Риоха и на идеален начин го заокружи својот прв настап во европските купови.

Ла Риоха падна во Скопје: Алкалоид со прва историска победа го заокружи настапот во Европската лига

Ова за македонскиот вицепрвак беше прва историска победа во Европа, триумф кој донесе задоволство кај сите во Алкалоид почнувајќи од тренерот Кирил Лазаров.

-Среќен сум бидејќи ова е историска победа за нашиот клуб, честитки за моите играчи, но и за Ла Риоха за фер натпреварот. Минав седум години во Шпанија и знам што значи Ла Риоха во шпанскиот ракомет, тим со извонредна школа и тоа доволно говори за тоа каков клуб победивме денеска. Во играта ги направивме истите грешки како на претходните мечеви, промашивме многу пенали и зицери, но ова ни беше дебитантска сезона и се надевам дека ќе бидеме уште подобри во иднина. Ова сигурно е добро искуство, заслуживме барем една победа во ЕХФ Европската лига, пресреќни сме што ја остваривме. Се гледа дека одиме напред, благодарност до публиката и клубот за оваа безпрекорна организација. Луѓето препознаваат дека сме проект што дава шанси на македонски играчи и ни ја дава неопходната поддршка, -истакна Лазаров кој даде краток осврт на целокупната групна фаза.

-Мислам дека можам да бидам задоволен бидејќи освоивме три бода во една неатрактивна, а силна група. Јас верувам во овие мои играчи, можеби малку ги преценив и самиот се преценив. Ама оваа Лига на Европа е добредојдена, да видиме што треба да се корегира. Потребно е време, искуство за да се напредува, има страшни детали кои во прв момент ме нервираат, промашени зицери, пенали, но кога ќе се размисли подобро тоа е нормално, тоа е процесот на учење.

-Јас сум таков, верувам и во невозможното, но увидов дека не треба залетување и треба уште многу да се работи за да бидеме конкурентни во Европа, ова ни е добар патоказ на што треба да работиме, имам јасна слика за секој играч. Мислам дека го дадовме максимумот, ентузијазам и секогаш имавме желба за победа, на добар пат сме и ќе продолжиме да работиме, за доброто на клубот и за доброто на македонскиот ракомет, истакна Лазаров.

Составот од Автокоманда ја заврши групната фаза во Лига Европа на третото место зад Силкеборг и Војвидина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни