Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров обелодени кога ќе и стави крај на кариерата: Повеќе нема смисла, мислам дека…

Објавено

на

Најдобриот наш ракометар и долгогодишен капитен на репрезентацијата, Кирил Лазаров обелодени кога ќе и стави крај на блескавата кариерата.

Членот на француски Нант откри дека наредната кампања ќе биде негова последна активна како играч.

-Мислам дека тоа е крај, повеќе нема смисла. Јас ќе останам во спортот како тренер. Кој знае, можеби за десетина години ќе дојдам да седнам на клупата на ППД Загреб, клубот кој ми даде многу во ракометната кариерата, -истакна десниот бек за „Вечерњи Лист“.

Воедно ветеранот уште еднаш потенцираше оти ќе и остане достапен на репрезентацијата се додека настапува на клупски план.

-Кога веќе играм за Нант, ќе одговорам и на повикот на македонската репрезентација, -порача Лазаров кој наредната година ќе го прослави 41. роденден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни