Поврзете се со нас

Европски купови

Лазаров и Нант ја добија првата битка со „лисиците“ од Берлин

Објавено

на

Нант на нашиот Кире Лазаров славаше над Фуксе Берлин со 25-24 во првиот меч од осминафиналната рунда во Европската лига на ЕХФ.

Францускиот претставник губеше со 12-10 по првото полувреме, меѓутоа во продолжението заигра подобро и на повисоко ниво, односно се избори за пресврт и победа со која ќе го дочека реваншот во Германија закажан за 5 април.

Ривера со шест голови ја предводеше листата на стрелци кај победникот за кого Лазаров даде еден гол од пет обиди. На спротивната страна крилото Линдберг беше далеку пред сите со седум погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни