Поврзете се со нас

Англија

Лаутаро брзо одбил богата понуда од англиски премиерлигаш

Објавено

на

Еминентниот англиски медиум „Телеграф“ вчера пренесе дека Арсенал е подготвен да плати сума во близина на откупната клаузула за Лаутаро Мартинез и да го донесе Аргентинецот во своите редови.

24 годишниот напаѓач во својот договор со Интер има откупна клаузула од 111 милиони евра, а наводно англискиот клуб бил подготвен да плати 90 милиони евра за да го обезбеди неговиот потпис.

Сепак, италијанскиот медиум „СпортМедијасет“ пренесува дека Лаутаро без многу размислување ја одбил понудата на Арсенал и барем во моментов ќе остане во тимот на Интер.

За одличниот напаѓач има сериозен интерес од неколку клубови, а тука предничат шпанските Барселона и Атлетико Мадрид кои се очекува да тргнат по неговиот потпис следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни