Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта подготвува неочекувано решение за клупата на Барселона: Млад тренер мета на претседателскиот кандидат

Објавено

на

Претседателскиот кандидат кој важи за најголем фаворит за освојување на челната позиција во Барселона, Жоан Лапорта има неочекувано решение за тренерската позиција.

Извесно е дека доколку победи Лапорта, Роналд Куман нема да остане на позицијата тренер на Барселона и него ќе му биде пронајдена соодветна замена.

Каталонските медиуми пишуваат дека Лапорта сака во клубот да го донесе Микел Артета кој во моментов  е предводник на Арсенал и кој нема којзнае какви успеси оваа сезона со клубот од Северен Лондон.

Прв приоритет на Лапорта ќе биде да се убеди Меси да остане во клубот, но и покрај тоа клубот ќе работи на тоа да обезбеди стратег кој ќе ги води од следната сезона.

Каталонската радио станица „РАК1“ тврди дека Лапорта го посакува поранешниот изданок од академијата Ла Масија, Микел Артета како идеално решение за иднината на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни