Поврзете се со нас

Англија

Лампард откри како дознал дека ќе добие отказ од Челси: Се разбудив и добив порака, веднаш знаев

Објавено

на

Поранешниот тренер и играч на Челси, Френк Лампард се отвори за моментите кога дознал дека ќе добие отказ од тренерската позиција во Челси.

42 годишниот Лампард кој е клупска легенда на Челси не успеа да го задржи тренерското место во клубот во кој остана само 18 месеци, а потоа беше заменет од Томас Тухел кој сега прави чуда со „сините“ од „Стемфорд Бриџ“.

– Го победивме Лутон во ФА Купот, а следното утро добив порака од Брус Бак, претседателот кој ми рече да го одложам тренингот и да се сретнам со раководството во нивната канцеларија.

– Кога ја примив таа прва порака штом се разбудив си реков да разгледам што има на ИНстаграм. Сега се шегувам, но кога клубот ја донесе таа одлука не беше убав начинот да се слушне.

– Кога ги сретнав Брус и Марина Грановскаја беа многу срдечни, и тогаш знаев што доаѓа. Во тој период не бев, но сега сум благодарен за шансата што ми ја дадоа. Тоа е што е.

– Никогаш не бев во таа позиција претходно и ми беше малку нереално, но кога ќе прифатите ваква работа знаете дека вакво нешто може да дојде, -изјави Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни