Поврзете се со нас

АТП

Лајовиќ: Се знае кој е најдобар, Ѓоковиќ може…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ успеа да триумфира на Ролан Гарос и со тоа да избие на првото место на вечната листа по бројот на освоени грен слем трофеи.

Србинот сега има 23 пехари со што го остави зад себе Рафаел Надал за кога е прашање кога пак ќе го видиме на големата сцена, односно колку и дали ќе може да биде конкурентен по долгата пауза од тениските терени.

За многумина дебатата за прашање кој е најголем на сите времиња тука завршува, а меѓу оние кои го делат тоа мислење е еден од најдобрите српски тенисери, Душан Лајовиќ.

-Тука нема дилеми, покажа дека е најдобар на светот. Уште колку може – не знам. Физички и тениски ми се чини дека може многу повеќе, ќе видиме дали сепак ќе ја има истата мотивација и дали ќе се одвои од Рафа со неколку слемови, дали ќе ја има истата мотивација кога ќе има нема кој да брка. Тоа ги турка, после толку години и толку трофеи, извлекува повеќе од себе. Мислам дека концептот ќе биде различен ако Рафа не игра на пример следната година… Според мене Ноле може до календарскиот грен слем оваа година, тој е фаворит број 1 на Вимблдон, Ју-Ес Опен е уште далеку, ама има реални шанса, -порача Лајовиќ за „Спорт Клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни